
„микро:бит“ за наставници
Добредојдовте на онлајн курсот „Основи на уредот „микро:бит“ за наставници“! Без оглед на тоа дали сега се запознавате со уредот „микро:бит“ или сте искусен наставник/наставничка по информатика, овој курс има што да Ви понуди.
Започнете
Интерактивно учење преку видео
Учење преку видео со нашиот водител - експерт за уредот „микро:бит“! Проверувајте го Вашето знаење додека учите со интерактивните прашања од видеата.

Следете го Вашиот напредок
Следете го лесно процесот на учење и паузирајте и продолжувајте со процесот како што Ви одговара.

Докажете колку знаете
Откако успешно ќе го завршите курсот, здобијте се со сертификат.

За програмата „Училишта на 21-от век“
„Училишта на 21-от век“ е амбициозна тригодишна образовна програма, во вредност од 10 милиони фунти, дизајнирана и спроведена од British Council и финансирана од Владата на Обединетото Кралство. Таа има за цел повеќе од еден милион ученици на возраст од 10 до 15 години во Западен Балкан да се стекнат со вештини за критичко размислување и решавање проблеми и вештини за кодирање. Програмата ја спроведуваме во партнерство со релевантните образовни институции во секоја од земјите во регионот, со цел да им се овозможи на учениците да учат на забавен, интерактивен и иновативен начин. Освен тоа што ќе научат вештини за критичко размислување и решавање проблеми, децата ќе научат и практични вештини за кодирање и ќе имаат можност практично да ги употребат овие вештини. Како дел од програмата, сите училишта во Западен Балкан ќе добијат одреден број уреди микро:бит – џебни компјутери за учениците да можат да програмираат и да ги користат во редовните предмети за решавање на секојдневните проблеми.

Започнете го Вашето патување со уредот „микро:бит“
Овој курс ќе Ви овозможи, преку 12 модули, да се запознаете со уредот „микро:бит“ и уредувачот на програмски блокови. Научете повеќе за oсновните команди на уредот „микро:бит“, како и за в в влезови и излези. Научете и за повторувањата, променливите и Буловата логика, како и за звукот, иконите и анимациите. Запознајте се со математиката, променливите и oбработувањето податоци. Научете да создавате игри и да работите со „bluetooth“ и радио, како и со пинови и надворешни уреди. За крај, ќе Ве информираме за следните чекори и понтамошните опции за надградување, како што е користење „Python““.
Почнете со учењеBritish Council и нашите партнери

