ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

British Council создава меѓународни можности за луѓето од Обединетото Кралство и од другите земји и гради доверба меѓу нив на светско ниво. Личните податоци кои ги собираме ги користиме за да им понудиме на поединците информации, производи и услуги. 



Оваа политика се однесува на сите наши канцеларии без оглед на тоа каде се наоѓаат, вклучително земјите во кои не постои локална регулатива, како и на сите видови податоци - електронски или пишани - и системи со кои собираме, зачувуваме, обработуваме и пренесуваме податоци.  



Во земјите со поинакви закони за заштита на приватноста и податоците ќе постапуваме согласно тие закони, во согласност со меѓународните принципи за заштита на приватноста и праведните практики за постапување со податоци.



BRITISH COUNCIL СЕ ЗАЛАГА:



• да ги заштити доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците што ги собира, зачувува, пренесува и обработува, согласно законите на Обединетото Кралство и законите во другите земји што ги исполнуваат меѓународно прифатените стандарди, како и за исполнување на законските услови и договорните обврски;



• да даде појаснување зошто има потреба од личните податоци и да ги бара само оние лични податоци што му се потребни;



• да ги заштити податоците кои му се дадени на располагање и да гарантира дека пристап до нив добиваат само лицата кои имаат потреба од тоа;



• да споделува лични податоци само во рамките на British Council и со други организации, доколку тоа е неопходно, или доколку има согласност за тоа од поединецот;



• да им овозможи на луѓето да побараат пристап до нивните личните податоци со кои British Council располага, како и да поднесат приговор доколку сметаат дека не се постапува соодветно со нивните лични податоци; 



• да не чува лични податоци подолго од тоа што е потребно;



• за преземање мерки за заштита на правата на лица чии лични податоци може да се пренесат во земји со поинакви закони за заштита на лични податоци;



• какви било нарушувања на безбедноста на податоците, кои се случиле или за кои постои сомневање, дека ќе се пријават кај лицето од British Council кое е одговорно за безбедноста на податоците, како и дека по пријавата ќе следува соодветна истрага; 



• за применување на овие стандарди од страна на неговите добавувачи;



• за вршење годишна проценка и оценување на безбедноста на податоците со кои располага. 



За спроведувањето на оваа политика ќе обезбедиме соодветни ресурси и ќе се погрижиме политиката да се пренесе и разбере.



British Council ќе врши годишна ревизија на оваа Изјава за глобална политика, со цел да ги земе предвид евентуалните законски измени и да овозможи добра практика.



Оваа Изјава за глобална политика ја одобри извршниот директор Сер Киран Девејн во февруари 2016 година и истата ќе биде ревидирана во февруари 2017 година.